Свет
САД: Бројот на починати од Ковид-19 достигна 800.000 лица
13.12.2021 12:04
Бројот на жртви во САД сега го надминува вкупното население на Северна Дакота...
Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во САД достигна 800.000 луѓе, додека земјата се подготвува за потенцијален нов бран поради повеќе собири во затворени простории во текот на зимските месеци.
Бројот на жртви во САД сега го надминува вкупното население на Северна Дакота. И покрај достапноста на вакцината, оваа година беа загубени повеќе животи отколку во 2020 година поради брзото ширење на делта сојот и одбивањето на милиони Американци да се имунизираат.
