Проект за поддршка на реформите во кривичното право

01.04.2014 14:18

Поддршка на имплементацијата на реформите во кривичното право е проект кој почна во Академијата за судии и јавни обвинители, а е финансиран од Европската унија.

Роберт Лидл раководител на одделот за политички прашања, правда и внатрешни работи во Делегацијата на ЕУ во своето обраќање ја истакна помошта и поддршката од ЕУ кон македонското судство, за обвинителството и за останатите институции.

Поддршка на имплементацијата на реформите во кривичното право е проект кој почна во Академијата за судии и јавни обвинители, а е финансиран од Европската унија.

Роберт Лидл раководител на одделот за политички прашања, правда и внатрешни работи во Делегацијата на ЕУ во своето обраќање ја истакна помошта и поддршката од ЕУ кон македонското судство, за обвинителството и за останатите институции.

- Ќе ги поддржиме институционалните реформи во новото кривично законодавство, посебно преку поставување на оперативни истражни центри,  Долгите одложувања на реформите од овој систем може да го загрозат неговото функционирање и да ги загрозат човековите слободи и права - порача Лидл.

Според него, потребен е ефикасен систем на кривична правда посебно за кривичните дела кои се однесуваат за организираниот криминал, корупцијата и антитероризмот.

Раководителот на прокетот -  заменик државниот  обвинител на Хрватаска Драган Новосел го изрази своето задоволство и се заблагодари на Унијата што го назначила за раководител на ваков значаен проект.

- Со години работам со обвинителите од Македонија, учествувам во нивната едукација и свесен сум за тоа колку многу се подготвени да ги спроведат овие реформи, истакна Новосел.

Во Хрватаска, според Новосел, проектот успешно бил спроведен и во тој дел, како што кажа, тие искуства можат да помогнат.

Јавниот обвинител на Македонија Марко Зврлевски, во своето обраќање ја истакна важноста на проектот за поддршката во спроведување на реформите во кривичната постапка.

- Стапувањето на сила на ЗКП и примената е ревоционерно по својата замисла и го соочи јавниот обвинител со голем број предизвици. Од овие причини каде првиот дел на проектот е замислкен како поддршка на јавниот обвинител во водењето на предкривичната и истражната постапка, ќе доведе до разрешување на важен дел од правните дилеми, истакна Зврлевски.

Заменик министерот за правда Билјана Бришкоска-Бошковски посочи дека овој важен проект третира прашање кое што е важно за заокружување на целокупната реформа во правосудниот систем.

Претседателот на Врховниот суд на Македонија Лидија Неделкова во своето обраќање нагласи дека со промената на овој систем најголемата тежина ја носат јавните обвинители за, како што кажа, добиената голема улога но и во исто време голема одговорност за имплементацијата на новиот закон и за заштита на правото на обвинетите.