По обилните дождови
Водостоите на реките во опаѓање
13.12.2021 13:05
Се повлекува и надојдената вода од Беласица. Полека се расчистуваат наносите од кал, камења и песок во општина Ново Село.

Водостоите на реките во кумановско, Пчиња и Кумановка се во опаѓање, откако викендов беа пред излевање на одредени локации поради обилните врнежи од дожд , што го зафатија кумановскиот регион.
Се повлекува и надојдената вода од Беласица. Полека се расчистуваат наносите од кал, камења и песок во општина Ново Село.
Ќе бидат направени и проценки за направената штета во погодените села, а градоначалникот на Ново Село, Божинов апелира на претпазливост на патниот правец Колешино- Бориево каде што е поткопан мостот кај појасниот канал, на што дополнително ќе се работи.
