Македонија

Проштална средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот Томан

13.12.2021 13:17

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени чешката континуирана и отворена поддршка на нашиот евроинтеграциски пат и притоа изрази увереност за нејзино продолжување со засилена динамика.

Претседателот Пендаровски денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Чешката Република во Република Северна Македонија, Мирослав Томан.

Како што соопштија од претседателскиот кабинет, на средбата беше констатирано дека двете држави негуваат искрени пријателски односи, воспоставени на заемна почит, доверба и разбирање.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени чешката континуирана и отворена поддршка на нашиот евроинтеграциски пат и притоа изрази увереност за нејзино продолжување со засилена динамика.

Пендаровски се заблагодари на амбасадорот Томан за посветениот ангажман и досегашните дипломатски активности во градењето на одличните релации меѓу двете држави, посакувајќи му натамошен успех на личен и на професинален план.