Македонија

Да се подигне јавната свест против трговијата со деца

13.12.2021 14:27

Пилот проектотот за рано предупредување за исчезнати деца во земјава, вклучува обуки на експерти размена на практики, развој на алатки за онлајн безбедност. Јавна кампања и билборди, за да се подигне јавната свест за тргувањето со деца...

Околу 90 проценти од децата на улица се Роми. За да се подигне јавната свест против трговијата со деца, во 90-те е направено првото засолниште од граѓански организации. За две години, децата што биле згрижени, научиле и да читаат и да пишуваат, но проблемот е инстутуционален, велат невладините, бидејќи по завршување на проектот децата повторно се враќаат на улица.

Затоа се потребни истражувачки стории на оваа тема, за да се откријат причините за подобрување на животот. Медиумите имаат одговорност да влијаат врз нештата, за да се променат, сметаат новинарите.

Децата на улица се злоупотребуваат од своите родители, велат невладините. Предупредуваат доколку не се вмешаат институциите, децата најчесто се лесни жртви на трговците со луѓе.

 

Александра Спировска