И Хрвати помагаат во изградбата на македонската црква во Загреб

01.04.2014 14:53

Македонската дијаспора пријатно е изненадена од одѕивот на хрватските институции и граѓани кои  со своите прилози помагаат за изградбата на Македонската православна црква во Загреб.  Станува збор за прва македонска црква во регионот, надвор од границите на Македонија. Градот Загреб и градоначалникот Милан Бандиќ веќе донираа 400 илјади куни или околу 50 илјади евра, со што се платени комуналиите. И градот Сплит и градоначалникот Иво Балдасар дадоа поддршка и се очекува во секој момент уплата од 30 илјади куни или околу 4 илјади евра, а со свои донации се приклучија и многу Македонци.

- Можеме да бидеме задоволни како стојат работите, бидејќи во време на криза луѓето одвојуваат од својот буџет и уплатуваат кој колку може. Едно македонско семејство сега најави уплата од 100 илјади куни, а другите уплатуваат според своите можности. Ситуацијата е таква што не можеме никому да му замериме. Очекуваме и хрватската влада да се вклучи со одреден износ, во рамките на нејзините можности. Владата им помага на верските заедници што функционираат во Хрватска, особено во делот за изградба на верски објекти. Тоа беше случај со исламски, српски и со протестантски верски објекти, па сега очекуваме поддршка и за нашата црква - вели отецот Кирко Велински, претставник на Македонската православна црква во Хрватска.

Тој објаснува дека проектот има мултикултурен карактер, односно таму може, покрај верски и културни, да се организираат хуманитарни настани и содржини, а  по потреба може да се организираат и ургентно и  привремено сместување и престој од хумани причини.

Изградбата се очекува да почне наесен годинава. Според проектот, во кој како главен архитект е вклучен Македонецот Зоран Бошевски, доцент на Архитектонскиот факултет во Загреб, црквата ги напушта стереотипите на класичен православен објект.

За изградба на црквата ќе бидат потребни 1,3 милион евра.