Османи на средби во Лондон: Евроинтеграцијата е взаемен геостратегиски интерес
Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи е во посета на Обединетото Кралство. На средбата со државниот секретар Лиз Трас било разговарано за регионалните предизвици и за европската перспектива на земјава...

Западниот Балкан има важна улога за севкупната стабилност и напредок на Европа. А евроинтеграцијата на регионот е взаемен геостратегиски интерес, било заклучено на средбата на шефовите на дипломатиите од регионот со британската секретарка за надворешни Трас, британскиот специјален претставник за Балканот, Пич, американскиот заменик- помошник секретар за Европа и евроазиски прашања Ескобар и посебниот претставник на ЕУ, Лајчак. Било констатирано дека е неопходно засилено присуство на Обединетото Кралство, САД и ЕУ во регионот за остварување на заедничката цел- стабилен и просперитетен регион.
Европската и евроатланската перспектива остануваат главна движечка сила за трансформација на сите земји од регионот во демократски и економско- развиени општества, и во таа насока отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со Европската унија позитивно на стабилноста и долгорочниот развој на целиот континент, соопштија од МНР.
На состанокот е укажано на потребата од итното придвижување на евроинтеграцијата. На одвоената средба на Османи со британската секретарка за надворешни работи Трас се разговарало за спроведувањето на спогодбата за партнерство, трговија и соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство.
Констатирана е континуирана успешна соработка во одбраната и во рамките на НАТО. Османи се сретнал со британската секретарка за Европа, Венди Мортон и со специјалниот пратеник на премиерот Џонсон за трговија со Западен Балкан, Мартин Викерс, на кој биле покренати иницијативи за нови инвестиции во земјава.
Ирина Гелевска
