Енергетска криза

Утре ќе се знае дали тендерот на ЕВН Хоум ќе биде успешен

13.12.2021 15:31

Утре треба да се отвори новиот тендер на ЕСМ за универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Претходните пропаѓаа поради барањата за периодот за обезбедување на стгрујата на европските пазари. ЕСМ нуди за шест, додека ЕВН бара 12 месеци. И додека енергетската криза на континентов се наметнува како приоритет во наредниот период, земјава сѐ уште не ја обезбедила неопходната енергија...

Во вторник ќе се знае дали петтиот тендер на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум ќе биде успешен. Засега, официјално не се соопштува која цена ќе ја понуди ЕСМ. Но, според надлежните, струјата ќе поскапи и се споменува- тоа нема да биде за повеќе од 10 проценти. Експертите излез од сегашнава состојба гледаат во укинувањето на ДДВ-то за електрична енергија на сметките на граѓаните и компаниите.

Криза со електричната енергија можеше да се реши доколку навреме се обезбедат сите потребни ресурси за производство, посочуваат експертите. Универзитетскиот професор Димитров вели- за помала потрошувачка на струја потребно е преорентирање кон енергеска ефикасност и користење на алтернативните извори.

Досега пропаднаа четири тендери на ЕВН Хоум. Цената која ќе треба да ја плаќаат граѓаните ќе ја соопшти Регулаторната комисија по обработените податоци за трошоците, коишто ќе ги добие и од МЕПСО.

 

Сучица Николоска