Политика

Аналитичари: Ковачевски и Мицкоски исправени пред реализација на сопствените ветувања

13.12.2021 16:02

Нема да има промени во однос на македонското отворање на европските поглавја, став на аналитичарите Пандов и Дујовски. Се покажа, велат, дека членството на ВМРО-ДПМНЕ е хомогено, додека новиот лидер на СДСМ ќе треба да работи на единството...

Тоа што во следниот период треба да се види на дело се пораките упатени до нивните членства и народот откако беа избрани за претседатели, Димитар Ковачевски на СДСМ и Христијан Мицкоски на ВМРО – ДПМНЕ. И двајцата со говори без напаѓање, но со презентирање на визија за развој на партиите и државата – заклучуваат аналитичарите. Сметаат дека пред Ковачевски постои поголем предизвик околу обединување на членството.

Дали беше неопходно во пресрет на Самитот на Европскиот совет, партии да избираат претседатели? Дујовски и Пандов велат ништо не се менува. Не се оптимисти дека нешто ќе се смени во Брисел во последен момент како изненадување.

Ковачевски и Мицкоски се исправени пред реализација на сопствените ветувања. Според првиот лидер ќе се успее ли во концентрацијата на интелектуалната моќ, или според вториот да се постигне обединувањето и реформите во партијата и во земјава.

 

Миле Ристески