Здравство

82 нови случаи со Ковид-19, починати осум лица

13.12.2021 16:35

Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.490, бројот на оздравени пациенти е 206.211, на починати е 7.740, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.

Во последните 24 часа направени се 1.211 тестирања, а регистрирани се 82 нови случаи на Ковид- 19 во Скопје – 61, Кавадарци – 9, Гевгелија – 4, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1.

Регистрирани сe 265 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа регистрирани се осум  починати лица: тројца починати лица од Скопје (56г, 80г и 86г) и по едно починато лице од Прилеп (72г), Битола (55г), Валандово (71г), Македонски Брод (66г) и Кичево (61г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.490, бројот на оздравени пациенти е 206.211, на починати е 7.740, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.

Досега во земјата се направени вкупно 1.503.941 тестирања на Ковид-19.