Ѓорчевска во второто коло

01.04.2014 14:54

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска го мина првото коло на Фјучерс турнирот во Анталија со награден фонд од 10.000 долари.

За пласман во осминафиналето моментно 499-та на ВТА листата, ја елиминираше домашната тенисерка Мелиса Гизем Атеш во два сета, убедливо со 6-1 и 6-1.

За Ѓорчевска ова е осма победа во 11 настап оваа сезона а во меч за четвртфинале таа ќе игра против врсничката од Франција Каролин Ромео која е 112 места послаборангирана од неа.

Во конкуренција на двојки на стартот, Ѓорчевска и Вајдова од Словачка ќе им се спротивстават на Чешко-Словачката комбинација  Алертова – Скамлова.