Македонија

Владата ќе ја одржи редовната 127-ма седница

14.12.2021 09:13

Согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе бидат разгледувани повеќе предлог-закони, иннформираат од владината прес- служба...

Владата денеска со почеток во 12 часот ќе ја одржи редовната 127-ма седница. Согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе бидат разгледувани повеќе предлог-закони. Станува збор за Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа и за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, изготвени од Министерството за финансии.

На предлог на Министерството за финансии пред министрите за разгледување и усвојување ќе се најде и Информација за формирање на Фондот за развој во рамки на Развојната банка на Република Северна Македонија со Предлог-одлука за одобрување на средства на Развојната банка за формирање на Фонд за развој.