МВР: 111 сообраќајни прекршоци во Скопје
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, осум мерки за возење без возачка дозвола, 17 прекршоци што ги чинат пешаците.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, осум мерки за возење без возачка дозвола, 17 прекршоци што ги чинат пешаците.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 28 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.
