Свет
САД: Се зголемува бројот на жртвите во торнадата
14.12.2021 09:47
Спасувачките екипи остануваат на терен во потрага по преживеани. Триесетина торнада погодија шест сојузни држави. Поради невремето, многумина останаа без вода и струја.

Се зголемува бројот на жртви во катастрофалните торнада во американската сојузна држава Кентаки. Невремето имаше и фатални последици и во Илиноис, Арканзас, Мисури и Тенеси. Како исчезнати се водат над 100 лица.
Спасувачките екипи остануваат на терен во потрага по преживеани. Триесетина торнада погодија шест сојузни држави. Поради невремето, многумина останаа без вода и струја.
Претседателот Џо Бајден нагласи дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби истражува дали торнадата се предизвикани од климатските промени.
