КОВИД-19

Џавид: Омикрон ќе стане доминантен вид

14.12.2021 10:07

Кај 20 отсто од случаите во Англија и 44 отсто во Лондон е регистрирана оваа варијанта. Досега од овој сој во Велика Британија починало едно лице.

„Очекуваме омикрон да стане доминантна варијанта во Лондон во следните 48 часа“, предупреди денеска британскиот министер за здравство Саџид Џавид.

Кај 20 отсто од случаите во Англија и 44 отсто во Лондон е регистрирана оваа варијанта. Досега од овој сој во Велика Британија починало едно лице.

Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека новата варијанта резултирала и со приеми во болница.