Заев- Петков: Подготвеност да се забрза меѓусебната комуникација
Како што информираат од нашата Влада, во телефонскиот разговор, двајцата изразиле подготвеност да ја забрзаат комуникацијата и соработката низ повеќе работни групи во областите на економијата, културата, здравството, енергетиката, инфраструктурата.

Македонскиот премиер Заев на бугарскиот колега Петков му го честиташе изборот за претседател на Министерскиот совет.
Како што информираат од нашата Влада, во телефонскиот разговор, двајцата изразиле подготвеност да ја забрзаат комуникацијата и соработката низ повеќе работни групи во областите на економијата, културата, здравството, енергетиката, инфраструктурата.
„Се согласивме да продолжиме да работиме на изнаоѓање прифатливо решение за деблокирање на почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ и за нов позитивен импулс за зајакнување на билатералните односи, во име на заедничката европска иднина“, изјави Заев по телефонскиот разговор со Петков.
