Евроинтеграции

Состанок на Советот за општи работи на ЕУ

14.12.2021 10:28

Сѐ поизвесно е дека Бугарија нема да ја промени позицијата за првата меѓувладина конференција со Македонија. Од Софија позитивни сигнали дека се подготвени да дадат зелено светло за почнување на пристапни преговори со Албанија...

Во Брисел, состанок на советот за општи работи на еу, пред лидерскиот самит во четврток и петок. На маса можноста за одредување датум за старт на преговорите со Македонија и Албанија.

Сѐ поизвесно е дека Бугарија нема да ја промени позицијата за првата меѓувладина конференција со Македонија. Од Софија позитивни сигнали дека се подготвени да дадат зелено светло за почнување на пристапни преговори со Албанија. Сепак, во Брисел нема поддршка за одвојување на Македонија и Албанија на европскиот пат.

Новиот бугарски премиер, Кирил Петков,  посочи дека земјата треба да е конструктивен партнер во ЕУ и во НАТО, а добрососедството и напредокот во односите со Македонија, исто така, треба да биде приоритет. Најави комуникација со властите во Скопје во најкус можен рок.