Млади од Македонија на школа на Европарламентот во Виена

01.04.2014 15:05

Средношколци од  скопските училишта „Ѓорги Димитров“, „Никола Карев“, „НОВА“ и „Орце Николов“  учествуваат на 40-тата сесија на „Модел на Европски парламент“ во Виена. Како во Европскиот парламент имаат специјални задачи како членови на комитетот. Сите се убедени дека Македонија ќе биде членка на ЕУ, а  младите мораат подготвено да го дочекаат тој момент.

Во еднонеделниот престој, младите од 28 земји членки и четири кандидатки, интензивно се дружат и  тренираат работни сесии во реални услови, токму онакви,  во какви што  се водат дебатите и работите по комитети на сесиите во Европскиот парламент во Брисел.

 Младите покажаа висока “парламентарна зрелост“, интересирајќи се за политичките теми за Македонија, и за Европа. На вечерата, во легендарниот „Соле“, место каде што неформално се одвива оперскиот живот на Виена, тие слушаа за животот на иселениците  во Австрија.

Покровители на настанот се претседателот на Австрија Хајнц Фишер, австрискиот Парламент и градот Виена. Како патрони се јавуваат и амбасадорите на сите земји членки на ЕУ, како и на земјите кандидати.