САД

Пентагон: 27 војници отпуштени поради одбиена ковид-вакцина

14.12.2021 11:11

Пентагон ја прогласи во август вакцината за задолжителна за сите припадници на војската, а повеќето активни војници примија најмалку една доза.

Воздухопловните сили на САД соопштија дека 27 војници биле отпуштени откако одбиле да се вакцинираат против Ковид-19.

Пентагон ја прогласи во август вакцината за задолжителна за сите припадници на војската, а повеќето активни војници примија најмалку една доза.

Околу 97 отсто од персоналот на воздухопловните сили се вакцинирани против коронавирус. Вкупно 79 воени лица во различни служби починаа од коронавирус.