Политика

Заев и Ковачевски на средби со коалициските партнери

14.12.2021 12:38

Според информациите, средбите се со цел новиот партиски лидер и иден премиер Ковачевски, да се консултира со партнерите во пресрет на изготвување на новата владината програма, како и при кадровското екипирање на извршната власт.

Новоизбраниот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со неговиот претходник и сѐ уште актуелен премиер Зоран Заев, ќе одржат низа поединечни средби со претставници на коалициските партнери, кои се дел и од парламентарното мнозинство.

Според информациите, средбите се со цел новиот партиски лидер и иден премиер Ковачевски, да се консултира со партнерите во пресрет на изготвување на новата владината програма, како и при кадровското екипирање на извршната власт.

Ковачевски во неделата на непосредни внатрепартиски избори во СДСМ ја доби довербата од членството, а до крајот на неделата се очекува Заев да му ја предаде функцијата. Набргу потоа, да се случи и примопредавање на премиерската функција.