УХМР

Нивото на реките постепено опаѓа

14.12.2021 11:33

Намален е водостојот на Брегалница и Црна Река, а исто како вчера е нивото на реката Струмица, кај Ново Село, додека кај Сушево, нивото е пониско за 16 сантиметри.

Врнежите од дожд и снег престанаа. Нивото на реките постепено опаѓа, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Намален е водостојот на Брегалница и Црна Река, а исто како вчера е нивото на реката Струмица, кај Ново Село, додека кај Сушево, нивото е пониско за 16 сантиметри.

Пониско е нивото и на Вардар кај Јегуновце и Скопје. Единствено повисок водостој за 20 сантиметри е измерен на Вардар кај Демир Капија и за пет сантиметри кај Велес.