Енергетика

ЕСМ со целосно покривање на набавката на струја

14.12.2021 11:41

Цената за мегават час која ќе биде понудена ја утврди владата на затворена седница и е за десетина насто повисока од сегашната...

ЕСМ денеска на петиот по ред распишан тендер на ЕВН Хоум, ќе достави понуда за 100 процентно покривање на потрошувачката на струја на универзалниот снабдувач за првите шест месеци од идната година, а проектирана на околу 1.700 гигават часови.

Цената за мегават час која ќе биде понудена ја утврди владата на затворена седница и е за десетина насто повисока од сегашната.

А, колку поскапа цена на струја ќе плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи, дополнително ќе се утврдува. Од Владата најавуваат дека таа нема да биде поголема од 10 насто. Сепак, конечната одлука е на Регулаторната комисија за енергетика.

По 12 години пауза, од утре е планирано повторно да почнат со производство на струја двата блока во термоелектраната Неготино.