Ковид-19

ИЈЗ: Намален бројот на позитивни и смртни случаи

14.12.2021 13:16

Во изминатите седум дена бројот на позитивни е за 8,1 насто помалку од минатата недела. Се бележи благ пад и на смртните случаи...

Анализата на Институтот за јавно здравје покажува дека бројот на новозаразени од Ковид-19 се намалува. Во изминатите седум дена бројот на позитивни е за 8,1 насто помалку од минатата недела. Се бележи благ пад и на смртните случаи.

Починале 66 лица, или речиси 3 проценти помалку во однос на претходната недела. Кај 76 насто од починатите регистрирани се коморбидитети. Најчесто дијабетес и кардиоваскуларни и белодробни заболувања.

Дури 93 насто биле во болнички услови, а 6,8 проценти починале дома, информираат од Институтот за јавно здравје.