Брисел

Совет за општи работи на ЕУ, поддршка за почеток на пристапните преговори

14.12.2021 13:22

Бугарија нема да ја промени позицијата за првата меѓувладина конференција со Македонија. Преостанатите земји- членки бараат датум за старт на преговорите...

Во Брисел, состанок на Советот за општи работи на ЕУ, пред лидерскиот самит во четврток и петок. На маса, можноста за одредување датум за старт на преговорите со Македонија и Албанија.

Сѐ поизвесно е дека Бугарија нема да ја промени позицијата за првата меѓувладина конференција со Македонија. Преостанатите земји- членки бараат датум за старт на преговорите.

Во Брисел, нема поддршка за одвојување на Македонија и Албанија на европскиот пат.