Економија

Бектеши: Се замрзнуваат цените и на оризот, тестенините и јајцата

14.12.2021 13:58

Според министерот, оваа одлука е со цел да да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението.

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи за кои ќе важат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на мало и на големо. Листата се проширува со  три нови основни прехранбени производи: ориз, јајца и тестенини, соопшти преку својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Според министерот, оваа одлука е со цел да да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението.

Оваа одлука е  со цел да се спречи натамошно пореметувањата на пазарот и отстранат штетните последици од пореметувањето на пазарот во поглед на снабдувањето на населението со основните прехранбени производи, велат од Министерството за економија.

Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1-ви декември 2021-ва година. Оваа одлука ќе важи до 31-ви јануари 2022-ра година.