Пендаровски утре во официјална посета на Косово
Во Приштина, претседателот Пендаровски со државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу по што ќе се одржат тет-а-тет средба...

Претседателот Стево Пендаровски, утре ќе престојува во официјална посета на Република Косово.
Во Приштина, претседателот Пендаровски со државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Османи-Садриу и пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Република Косово, информираат од претседателскиот кабинет.
Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Парламентот, Глаук Коњуфца и со претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти.
Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски во Пеќ ќе ја посети Регионалната команда на КФОР- Запад и припадниците на македонскиот контингент во составот на КФОР.
