Македонија

Подигање на свеста за опасноста од употребата на пиротехника

14.12.2021 15:05

Петардите не се играчки. МВР и Црвениот крст пред Новогодишните празници алармираа за опасноста од пиротехнички средства. Можат да предизвикаат инвалидитет или потешка повреда. Во државава сѐ помала е употребата, но сѐ уште е присутна, особено кај најмладите...

Петардите не се играчка. Ова е само презентација што може да Ви се случи доколку испукате петарда. Годишно многумина се здобиваат со траен инвалидитет од пиротехнички средства.

Потребно е подигање на свеста, особено кај малолетниците за опасноста од употребата на пиротехника, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Полицијата со низа активности за спречување на продажбата на пиротехнички средства. Презема низа репресивни, но и превентивни мерки. Надлежните посочуваат дека мерките низ годините родиле со плод.

Надлежните им сугерираат на младите дека не треба да се впуштаат во забави кои може да завршат со трагични последици. Апелираат за среќни и безбедни празници да не се користат петарди и други распрскувачки средства.

Ана Јосифоска- Тодоровска