Владината коалиција на консултации
Новоизбраниот лидер на СДСМ, Ковачевски и актуелниот премиер Заев на одделни средби со претставници на коалициските партнери. Консултации за новата владината програма и кадровските решенија во извршната власт. Помалите партии со свои барања. За ВМРО-ДПМНЕ, брзи предвремени парламентарни избори се единствен излез од политичката криза...
Новиот лидер на социјалдемократите Ковачевски и актуелниот премиерот Зоран Заев на одделни средби со коалициските партнери. Консултации и запознавање со начинот на досегашната соработка меѓу партнерите, но и за идната соработка во коалицијата. На маса и новата владина програма, но и кадровските екипирања во министерствата и институциите.
По средбата, ЛДП информираше дека останува во владата. Од новиот мандатар очекуваат тесна соработка. Дел од условно помалите партии бараат една изборна единица, но и исполнување на зелената агенда.
Двете најголеми политички партии под полна пареа по изборот на партиските лидери. И едните и другите со апели за обединување и единство, но и со обвинувања дека не се излезени од старите матрици. Во ВМРО – ДПМНЕ се убедени дека со Ковачевски ќе продолжи, како што велат, Заевизмот. Излезот од политичката криза го гледаат во предвремените избори, при тоа негирајќи дека со ДУИ договарале премиер Албанец.
Додека СДСМ се менува и трансформира, ВМРО-ДПМНЕ останува деструктивна и нереформирана партија. Мицкоски е политичар без став, кој знае само да блокира и кочи сѐ што е во интерес на граѓаните и нема капацитет да понуди никаква „нова епоха“ – возвраќаат со соопштение од владеачката СДСМ.
Миле Ристески
