Енергетика

ЕСМ понуди цена од 41 евро за мегават час

14.12.2021 15:24

ЕСМ ја достави понудата за цената на електричната енергија од домашно производство по која домаќинствата ќе плаќаат следната година. Колку поскапа цена на струја ќе плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи дополнително ќе се утврдува. Од Владата велат- нема да биде повисока од 10 насто. Конечната одлука е на Регулаторната комисија за енергетика.

И на двата тендери, за 60 и 40 проценти од вкупните планирани потреби преку електронски аукции ЕСМ му понуди на ЕВН Хоум цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас. По завршувањето на постапката, од ЕВН соопштија дека понудата на ЕСМ е единствена и најповолна за домаќинствата и за малите потрошувачи. Цената е за 13,6 проценти повисока од сегашната. Тендерот е распишан за периодот јануари – јуни.

Експертите сметаат дека цената на електрична енергија треба да остане непроменета.

Законски обврската за 2022-ра година е снабдување од 60 проценти. Струјата на отворениот пазар се продава по многу повисока цена. Цената на струјата од ЕСМ учествува во крајната цена со над 40 проценти.

Досега пропаднаа четири тендери на ЕВН Хоум. Цената која ќе треба да ја плаќаат граѓаните ќе ја соопшти Регулаторната комисија по обработените податоци за трошоците, коишто ќе ги добие и од МЕОСО и МЕМО.

 

Дијана Ценевска