По обилните дождови

Полето во струмичко сѐ уште по вода

14.12.2021 14:18

Два дена по обилните дождови во струмичко полето сѐ уште под вода. Десетици хектари се под вода, деловни и приватни објекти. Општинските власти најавуваат формирање комисии за проценка на штетите.

Жителите од Турново велат, проблемот се провлекува со години. Не прочистените канали, но и на секој пообилен дожд реката се кине на критичните точки, затоа што коритото ја нема потребната длабочина. Сметаат дека ако се направи убав тек на реката, насипи кои ќе осигураат, дека истата нема да се скине, а така ќе останат безбедни сите.

Општинските власти потврдуваат дека само со континуиран и системски пристап ќе се реши долгогодишниот проблем

Под вода се дестеици хектари обработлива површина, но и околу 20-тина деловни и приватни објекти. Манчев информира дека откако граѓаните соодветно ќе бидат обештетени по направената проценка.

 

Стојне Митева