Преминот од зимско на летно сметање на времето е зголемен ризик за срцев удар!
Намалувањето еден час од спиењето поради промена од зимско на летно сметање на времето, го зголемува ризикот за срцев удар до 25 %. Ова се случува во првиот понеделник по промената во однос на другите понеделници, покажува една американска студија. До овој заклучок дошле стручњаците што ги анализирале примените пациенти во болниците во Мичиген четири години по ред.

Намалувањето еден час од спиењето поради промена од зимско на летно сметање на времето, го зголемува ризикот за срцев удар до 25 %. Ова се случува во првиот понеделник по промената во однос на другите понеделници, покажува една американска студија. До овој заклучок дошле стручњаците што ги анализирале примените пациенти во болниците во Мичиген четири години по ред. ,,Генерално, најмногу срцеви удари има во понеделниците поради почетокот на работната недела и претстојните стресови, а сега е нагласено уште повеќе поради кратењето на сонот за еден час.“.-вели кардиологот д-р Амнит Сенду- лидер на истражувањето. Д-р Сенду своето истражување го презентирал на годишниот Конгрес на кардиолози во Вашингтон. Од друга страна пак, ризикот за срцев удар се намалува за 21% во првиот вторник после враќањето на стандардното време(на есен),затоа што луѓето спијат еден час подолго.
Поврзаноста на срцевите удари со намалување на сонот е веќе докажана со поранешни студии, но научниците се уште не се сигурни зошто луѓето се почувствителни на циклусите на сон и на будност .
Соња Стојановска
