Универзитетот за туризам и менаџмент доби признание за квалитет во наставата
Целиот академски кадар, сите вработени, секој асистент и професор работеа на оваа престижна и светска награда. Се наоѓаме помеѓу 100-те најдобри универзитети во светот, според рангирањето на Обединетите нации, рече ректорот на факултетот Аце Миленковски...

На Универзитетот за туризам и менаџмент му беше доделено признание за квалитет во наставата во високото образование. Целиот академски кадар, сите вработени, секој асистент и професор работеа на оваа престижна и светска награда. Се наоѓаме помеѓу 100-те најдобри универзитети во светот, според рангирањето на Обединетите нации, рече ректорот на факултетот Аце Миленковски.
„Ова е единствената високообразовна институција со TedQual диплома во земјата и еден од вкупно 98-те универзитети во светот кои ги исполнија строго пропишаните критериуми за да се стекнат со вакво престижно признание”, истакна Миленковски.
Работата на Универзитетот се ревидира на секои три години од ОН преку Светската туристичка организација. За да се добие ваква диплома треба да се исполнат строгите пропишани критериуми за едукација, обука и истражувачки програми.
