Се подготвува акционен план за идната жетва

01.04.2014 15:40

Просечните приноси се движат од 2,7 до 3 тони по хектар...

Годинава  се посадени 95 илјади хектари  под пченица. Надлежните очекуваат  подобар род и квалитетот од минатогодишниот. 

Просечните приноси се движат од  2,7 до 3 тони по хектар.

Од министерството за земјоделство информираат дека се подготвува акционен план за идната жетва за да се надминат проблемите од лани, а откупот да тече без потешкотии.

За сертифициран семенски материјал земјоделците ќе добијат 3.000 денари субвенција.