Македонија

Владата ќе набави половина милион вакцини против Ковид-19 на „Фајзер“ за 2022 година

15.12.2021 09:33

Согласно информацијата дозите за возрасните ќе почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тримесечје на 2022 година. Вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година, соопштија вчера од Владата.

Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата за набавка на вакцини против Ковид-19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на мРНА (мРНК) вакцини од производителот „Фајзер“, во кои ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1 отсто од вкупниот број деца во земјава на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози.

Согласно информацијата дозите за возрасните ќе почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тримесечје на 2022 година. Вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година, соопштија вчера од Владата.

Според последните информации, во државата е вакцинирано 48 отсто од полнолетното население.

Надлежните апелираат за помасовна вакцинација, бидејќи, како што посочуваат, само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на коронавирусот.