Активни 5.428 ковид- случаи, речиси половината од нив во Скопје
Најмногу активни случаи има во Скопје – 2.650, следи Битола – 445, Прилеп – 352, Кавадарци – 257, па Охрид – 209. Во другите градови има под 200 заразени, а во Дебар нема ниту еден активен случај.

Во земјава активни 5.428 ковид- случаи, покажува последната статистика на Министерството за здравство. Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 219.843, бројот на оздравени пациенти е 206.661, на починати е 7.754.
Најмногу активни случаи има во Скопје – 2.650, следи Битола – 445, Прилеп – 352, Кавадарци – 257, па Охрид – 209. Во другите градови има под 200 заразени, а во Дебар нема ниту еден активен случај.
Вчера беа регистрирани нови 353 случаи на Ковид-19 од направени 3.162 тестирања или 11 отсто, што е под минатонеделниот просек на позитивност 13,1. Најмногу нови случаи има во Скопје – 174, потоа Прилеп – 42, Битола – 27 и Кавадарци – 22.
Регистрирани беа и 450 оздравени пациенти, како и вкупно 14 починати, од кои 10 лица од изминатото деноноќие, а четири преку системот „Мој термин“ во период од 19.11-07.12.2021 година.
Во државата сè уште не е регистриран случај на заразен со омикрон и сè уште е доминантна делта варијантата.
Според светската статистика, досега од коронавирусот се заразиле над 271 милион луѓе, починале повеќе од 5,3 милиони и оздравеле 244 милиони жители.
