КОВИД-19

СЗО: Омикрон се шири со невидена брзина

15.12.2021 09:52

Од СЗО и натаму препорачуваат да се почитуваат социјалната дистанца, носењето маски и одржувањето на хигиената...

Светската здравствена организација објави дека во 77 држави биле пријавени случаи со новата варијанта на корона вирусот Омикрон.

„Се шири со невидена брзина, иако омикрон предизвикува поблаги симптоми, голем број случаи може повторно да ги доведат неподготвените здравствени системи во тешка позиција“, изјави генераниот директор Тедрос Гебрејесус.

И натаму препорачуваат да се почитуваат социјалната дистанца, носењето маски и одржувањето на хигиената. Апелираат да се спроведува праведна распределба на вакцините за да им се даде шанса и на најсиромашните да го имунизираат своето население.