Попоски на Самит на НАТО за Авганистан
На покана на Генералниот Секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен, Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, ќе учествува на редовниот пролетен состанок на министрите за надворешни работи на Северно – атлантскиот совет на НАТО во ИСАФ формат, што ќе се одржи на 2 април 2014 година во седиштето на НАТО во Брисел.На состанокот ќе биде разгледана актуелната политичко-безбедносна состојба во Авганистан, а воедно ќе се разменат и мислења за натамошните активности на земјите членки и оперативните партнери на НАТО по завршувањето на ИСАФ мисијата кон крајот на оваа годи
На покана на Генералниот Секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен, Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, ќе учествува на редовниот пролетен состанок на министрите за надворешни работи на Северно – атлантскиот совет на НАТО во ИСАФ формат, што ќе се одржи на 2 април 2014 година во седиштето на НАТО во Брисел.На состанокот ќе биде разгледана актуелната политичко-безбедносна состојба во Авганистан, а воедно ќе се разменат и мислења за натамошните активности на земјите членки и оперативните партнери на НАТО по завршувањето на ИСАФ мисијата кон крајот на оваа година.Министерот Попоски ќе има свое излагање, на кое ќе ги презентира видувањата на Република Македонија за иднината на надворешното присуство во Авганистан по 2014 година. Министерскиот состанок во НАТО истовремено е рамка за неформална размена на мислења со колегите од земјите-членки на Алијансата околу перспективите на следниот Самит во септември оваа година во Кардиф, Велс.
