Претседателот Пендаровски пристигна во официјална посета на Косово
По официјалниот пречек, Пендаровски и Османи-Садриу одржаа тет-а-тет средба, по што се одржа пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Шефот на државата Стево Пендаровски утрово пристигна во Приштина во официјална посета на Косово, каде беше пречекан со највисоки државни и воени почести од неговата косовска колешка Вјоса Османи-Садриу.
По официјалниот пречек, Пендаровски и Османи-Садриу одржаа тет-а-тет средба, по што се одржа пленарен состанок на делегациите на двете земји.
Пендаровски во рамки на еднодневната официјална посета ќе има средби и со претседателот на Парламентот на Косово, Глаук Коњуфца и со премиерот Албин Курти.
Во рамки на престојот во Косово, претседателот Пендаровски во Пеќ ќе ја посети Регионалната команда на КФОР – Запад и припадниците на македонскиот контингент во составот на Мисијата.
