МВР
Приведен дилер од Велес, пронајдена дрога
15.12.2021 10:49
По преземени мерки и активности и при преглед во неговиот двор биле пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана и амфетамин.
Полициски службеници од СВР Велес денес во 01:30 часот го лишиле од слобода Д.П.(36) од Велес.
По преземени мерки и активности и при преглед во неговиот двор биле пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана и амфетамин.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
