Столтенберг: Нема да распоредуваме ракети по Европа
Москва претходно соопшти дека можеби ќе биде принудена да постави нуклеарни ракети со среден домет како одговор на слични планови од НАТО.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата нема да распоредува ракети низ Европа. Тој нагласи дека Русија со години го прекршувала Договорот за забрана за ширењето на нуклеарното вооружување (ИНФ), распоредувајќи проектили со средем дострел по Стариот континент.
Москва претходно соопшти дека можеби ќе биде принудена да постави нуклеарни ракети со среден домет како одговор на слични планови од НАТО.
Од руското МНР нагласија дека постојат индиции за таков потег од Алијансата бијдеќи минатиот месец НАТО ја обновил 56 артилериска команда која во Студената војна управувала со ракетите Першинг кои носат нуклеарни глави.
