Пендаровски: Прифалив е пристапот на новиот бугарски премиер, историјата да не биде единствен канал на комуникација
Претседателот Пендаровски во официјална посета на Косово. Прашањето меѓу Скопје и Софија во фокусот на јавноста. Прифалив е пристапот на новиот бугарски премиер, историјата да не биде единствен канал на комуникација – изјави шефот на државата...
Претседателот Пендаровски во официјална посета на Косово. Прашањето меѓу Скопје и Софија во фокусот на јавноста. Прифалив е пристапот на новиот бугарски премиер, историјата да не биде единствен канал на комуникација – изјави шефот на државата.
„Мене ми е прифатлив пристапот на новиот бугарски премиер кој заговара историјата да не биде единствениот канал преку кој ние како две соседни држави комуницираме. Разговараме за инфраструктура, разговараме за енергетско поврзување, разговараме за економија и за трговска размена, разговараме за европски интеграции, разговараме за човекови слободи и права, разговараме за пандемијата. Меѓутоа, секако не да разговараме за тоа што се случило пред три или пет века. Тоа е модерен пристап кој го поддржувам, се разбира не го поддржувам временскиот рок бидејќи беше најавен за шест месеци, мислам дека проблемот меѓу нас може да се реши за многу покус временски период“, истакна Пендаровски.
Претседателот, на заедничката прес-конференција со претседателката на Косово, Вјоса Османи, исто така оцени дека доколку се одолговлечи решавањето на прашањето меѓу Северна Македонија и Бугарија, тоа не би се одразило на состојбата на дестабилизација на државата.
На прашање на новинарите, пак, косовската претседателка Османи вели ќе почека да завршат судските процеси за да заземат став за евентуално префрлување на осудените косовски државјани за случајот „Диво насеље“.
„Моментално случајот е во Врховниот суд и откако ќе донесе одлука судот и завршат сите судски процеси внатре во Макединија. Ние видовме дека и самиот премиер Заев е подготвен да има меѓународна истрага како и вклучување на меѓународни експерти да ги разгледаат тие докази и во овој случај Република Косово ќе даде поддршка. И се надевам дека соработката што постои меѓу двете министерства за правда да оди чекор напред и за овие прашања да се дискутира на институционално ниво. Сѐ друго што би кажале надвор од ова, би биле политички изјави кои не помагаат за спор кој е во судска постапка“, изјави претседателката Османи.
Темата со осудените косовари се актуелизираше во косовскиот Парламент, но премиерот Албин Курти тврди дека до сега нема официјална иницијатива за ова, и не може ништо да направат додека не заврши случајот на Врховен суд во Македонија.
