ТЕЦ Неготино пробно стартува со работа
Пуштањето на електраната ќе биде во две фази. Најпрво пробно ќе биде пуштен едниот котел со капацитет од 90 мегавати, а потоа и вториот од 90 мегавати.

По 12 години пробно стартува со работа термоелектраната Неготино. За таа цел, по прогласувањето на кризна состојба во енергетиката, АД ЕСМ набави мазут за ставање во погон на производствениот капацитет.
Пуштањето на електраната ќе биде во две фази. Најпрво пробно ќе биде пуштен едниот котел со капацитет од 90 мегавати, а потоа и вториот од 90 мегавати.
Со ставање во погон на ТЕЦ Неготино се очекува да се надокнади недостатокот од домашно производство на струја. Со ова АД ЕСМ ќе биде во можност да понуди електрична енергија и на стопанските субјекти во земјава за пониска цена од берзанските со што ќе се амортизираат ценовните шокови во стопанството.
