Денови на кариера на Земјоделскиот факултет
Агро- бизнисот тет- а- тет со студените на Земјоделскиот факултет. Какви кадри им се потребни и со какви вештини треба да располагаат за да одговорат на предизивиците во овој сектор. За прва пат на овој факулет се одржуваат Деновите на кариера...

Студентите од Земјоделскиот факултет и работодавците на иста маса. Надеж дека со тоа ќе се засили процесот на вработување на овој кадар кој е неопходен во аграрот. Студентите ќе се запознаат со потребите на компаниите, каков тип на вештини треба да поседуваат за побрзо вработување.
Од компаниите велат дека имаат голема потреба од млади стручњаци. Според нив треба повеќе да има контакти меѓу бизнис заедницата и факултетот.
Предходно студентите имале подготовка за вработувањето, со пишување на мотивациско писмо и биографија, како и презентација на научно- истражувачките трудови.
За 74 години, Деновите на кариера се оддржуваат за првпат на Факултетот. Се подготвува акредитација на нови студиски програми за да се исполнат барањата на пазарот на трудот во оваа област.
Ана Јосифоска- Тодровоска
