Задолжителна пракса за средношколци

01.04.2014 15:55

Праксата на средношколците во некоја од компаниите е клучна во создавањето квалитетен кадар. Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека инвеститорите бараат профилиран кадар...

Се решија за стручно образование. Електротехника и телекомуникации е професијата во која се гледаат. Имаат можност знаењето да го искористат на пракса во некоја од компаниите во индустриската зона Бунарџик. Александар Ангеловски се надева дека тоа ќе му помогне побрзо да се вработи.

„Во иднина се гледам во некоја од околните фабрики во Општина Илинден“, вели Александар Ангеловски, ученик во средното стручно училиште Илинден- Општина Илинден.

Праксата на средношколците во некоја од компаниите е клучна во создавањето квалитетен кадар. Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека инвеститорите бараат профилиран кадар.

„Ќе бидеме фокусирани во наредниот период да направиме еден вид обврска училиштата да ја реализираат праксата, не да биде проформа, тука практичната настава задолжително да се спроведува“, изјави Спиро Ристовски, министер за образование и наука.

Во Македонија има осумдесетина средни стручни училишта.

 

Наташа Јанчиќ