Се одолговлекува случајот „Ореше“
Главниот претрес, во обновеното четврто судење за платено убиство за старецот од село Ореше и денеска во судот во Велес не започна. Oдбраната на прво осомничениот бара спојување со друг кривичен предмет кој се води во овој судот. За семејството на убиениот лазо милошевски ова е обид за одолговлекување на судската постапката...

Во еден судски предмен на Ѓоре Петревски да му се суди и за убиството на Лазо Милошевски и за палењето на селската продавница, ова денеска на рочиштето во Основниот суд во Велес го побара неговиот бранител.
„Од причина на целисходност побаравме овие две постапки се водат и с едонесе една единствена пресуда бидејки така е по Закон“, рече Коста Нојков, бранител на првообвинетиот.
Во делото за кое се бара спојување со овој предмет, второобвинетите браќата Јордан и Љубчо Ѓоргиевски немат воопшто никаква допирна точка, но ако судот смета дека делата треба да се спојат, така ќе работиме велат нивните бранители.
„Навистина е потребно да се расчистат работите на почетокот за да знаеме во рамки на законот како да постапуваме понатаму“, рече Звонко Давидовски, бранител на второ обвинетите, браќата Ѓоргиевски.
Непотребно одолговлекување на судскиот процес, ваква е реакцијата на семејството на покојниот Милошевски. За нив најважно било да се докаже кој и зошто го убил Лазо.
„Јас сум сигурен дека државата работи правилно и ова дело ќе го заврши до крај“,рече Ацо Милошевски, син на убиениот Лазо Милошески.
Шест години активен во судот е овој прдмет. Изречени се три пресуди. Во првите две, второ обвинетите браќата Јордан и Љубчо Ѓоргиевски добија затвореска казна во времетраење од по 12 години додека третата откако заштитениот сведок „Бреза“ јавно проговори, беше ослободителна. По жалба на Јавното обвинителство сите три пресуди Апелацискиот суд Скопје ги поништуваше.
Овој предмет не само што е познат како прв за платено убиство во Македонија, познат е и по тоа што претходниот судија Јавниот обвинител и двајца адвокати беа обвинети за несовесно работење и примање поткуп за што изречеи се затворски казни од една до пет и пол години.
Дијана Иванова
