Македонија

Целосно е поплавено средното училиште „Гошо Викентиев“ во Кочани

15.12.2021 13:20

Обилните врнежи предизвикаа хаварија во средното училиште „Гошо Викентиев“ во Кочани, каде пред неколку дена започна реконструкција на кровот. Одговорноста и штетите сѐ уште не се утврдени, околу 700 ученици настава имаат онлајн...

Десеттина кабинети, училници и холовите во најголемотио средно стручно училиште „Гошо Викентиев“ во Кочани се целосно поплавени, уништен е голем дел од инвентарот, а околу 700 ученици настава имаат онлајн. Причина за ваквата хаварија е протекувањето на кровот кој е во фаза на реконструкција.

Фирмата изведувач работи на реконструкција на кровот за да спречи нова хаварија доколку има врнежи. Ќе се утврдува одговорност, ова што се случува е без преседан, а штетите се огромни, вели директорот.

Според договорот со изведувачот кој е склучен во октомври, работите требало да започнат веднаш, а изведувачот имал обврска да го заштити покривот при појава на временски неприлики. Дали компанијата го почитувала договорот и дали покривот бил соодветни заштитен, ќе покаже увидот на надзорниот орган деновиве, а штетата ќе ја утврдува осигурителната компанија.

 

Славица Величковска