Манчестер – Баерн и Барселона – Атлетико го отвораат ¼ финалето во ЛШ
На “Театарот на соништата“ во четирите досегашни соочувања, двата тима имаат по една победа и две нерешени средби. Двата ривала се со одличен ефект во четвртфиналните дуели досега, Манчестер победи на 12 од 17 во оваа фаза, а Баерн 15 пати се пласира во полуфиналето,додека во 9 наврати беше елиминиран...

Со вечерашните два меча од ЛШ, стартува четвртфиналната рунда во елитното клупско фудбалскотнатпреваруавње. На Олд Трафорд, тројниот европски шампион Манчестер Јунајтед го пречекува актуелниот и петкратен освојувач на континенталната круна, Баерн Минхен. Долгогодишното ривалство на двата фудбалски гиганти вечерва ќе го одбележи нивниот јубилеен 10 натпревар. Највпечатлив беше финалниот во 1999 година, кога Манчестер во драматичен финиш во судиското надополнување поразот го претвори во победа. Во 9 меѓусебни пресметки Баварците имаат три победи, Манчестер две, а 4 дуели завршија без победник. На “Театарот на соништата“ во четирите досегашни соочувања, двата тима имаат по една победа и две нерешени средби. Двата ривала се со одличен ефект во четвртфиналните дуели досега, Манчестер победи на 12 од 17 во оваа фаза, а Баерн 15 пати се пласира во полуфиналето,додека во 9 наврати беше елиминиран. Формата и конзистентноста на Германците во последните две сезони ги става во позиција на фаворити, иако Јунајтед за разлика од домашното првенство, игра многу посигурно во ЛШ.
Вториот вечерашен натпревар е шпанската пресметка Барселона Атлетико Мадрид. Ако Каталонците беа фаворити од почетокот на сезоната, тимот од Винсенте Калдерон ја игра својата најдобра сезона во шампионската лига, во која заедно со градскиот ривал Реал се единствените непоразени екипи. Барса е староседелец во ова друштво и последен пат е елиминирана во 2003 година, а оттогаш има 8 победи и 6 нерешени средби во 7 четвртфинални пресметки, по кои се квалификува за полуфиналето. Атлетико е првпат меѓу осумте по 1997 година, и ќе се обиде да сепласира во полуфиналето за првпат по 4 децении. Барселона влезе во одличен ритам и на последните 5 натпревари постигна 17 гола, вклучувајќи ги двете“хет трик“ постигнувања на Лео Меси, за разлика од дефанзивната определба на гостите, кои во последните 8 настапи примија само гола. Иако првпат ги вкрстуваат копјата во еврокуповите, сезонава трите натпревари завршија нерешено, двапати без голови и единствениот со по гол во двете мрежи, во рамките на шпанскиот супер куп. Заедно со нив, Барселона е без пораз во последните 9 натпревари, а последен пат Атлетико славеше на Ноу Камп во 2006 со головите на Фернандо Торес.
