Прилеп

Тутунот се откупува, тутунарите сакаат реална цена

15.12.2021 14:33

Денеска и официјално, законски, почна откупот на тутунот. Сите осум откупувачи ги отворија пунктовите во земјава. Досега се купени 2.000 тони по просечна цена од 181 денар. Тутунарите сакаат реална процена, повисока цена поради квалитетниот род. Сојузот на земјоделските здруженија во посета на откупувачите...

Осумте откупувачи во земјава со динамика го купуваат тутунот од годинашнава реколта. Денеска е и законскиот рок сите да ги отворат 173- те пункта. Земјoделскиот инспекторат соопштува- сите пунктови се отворени, досега се купени 2.050 тони по просечна цена од 181,6 денари.

За тутунарите откупната линија сѐ уште не е реална на квалитетниот род, и бараат и поверениците и инспекторатот будно да го следи откупот. Нема оспорени количества на вагите.

Сојузот на земјоделските здруженија почна да ги посетува откупувачите. Оттаму им е најавена соодветна процена на родот.

Во земјава се склучени договори за 22.000 тони тутун. Исплатата е редовна, за еден до седум дена. Откупот трае до крајот на март наредната година.

Елизабета Митреска