Македонија

Обвинителството очекува одлука за „Ласкарци“

15.12.2021 15:19

Постапката за случајот „Ласкарци“ трае предолго. Изведени се доволно докази за утврдување на фактичката состојба и обвинителството е против супервештачењето да го прави технички советник ангажиран од Битолскиот факултет – за МТВ вели скопската јавна обвинителка Павловска...

Предолго трае постапката за случајот „Ласкарци“ вели за МТВ скопската јавна обвинителка Павловска. Пред самото одржување на закажаното рочиште, таа изрази резервираност  во однос на наредбата на судот кој ја дал за изготвување супервештачење  од сообраќајната и од машинската струка од Техничкиот факултет во Битола. Причините се јасни, вели скопската обвинителка -  веќе биле изведени доволно  докази за утврдување на фактичката состојба , а обвнителството е против супервештачењето да го прави оваа институција бидејќи техничкиот советник кој веќе  го ангажирала одбраната е токму од Битолскиот факултет.

Сообраќајната незгода кај „Ласкарци“ и оваа последната во Бугарија во која многу животи згаснаа, е недозволиво да ни се повторуваат и тука мора да се санкционираат одговорните за овие несреќи, додава Павловска.

Иако скопското обвинителство нема надлежност за трагедијата на „Струма“, сепак ја уверува јавноста дека се преземаат интензивни активности во врска со работењето на правниот субјект како и на институциите одговорни за проверка на исправноста на неговото функционирање.

 

Фиљана Кока