Мехмедовиќ: Вакцините против Ковид-19 се безбедни за деца
Вакцините против ковид се безбедни и нема дилема дека може да се имунизираат и деца до 12 години, велат докторите. Предупредуваат дека новогодишните празници може да донесат поголем број новозаболени...

Вакцините се безбедни, не треба да постои дилема за имунизација на децата на возраст од 5 до 12 години, особено на оние со хронични заболувања и состојби, смета лекарот Злате Мехмедовиќ. Педијатриските дози на „Фајзер“во земјава треба да пристигнат на почеток на наредната година.
По новогодишните и божиќните празници се очекува бројот на заболени со Ковид-19 да се зголеми, вели доктор Мехмедовиќ. Треба да се води сметка да се заштитат децата, доколку е потребно да се продолжи и зимскиот распуст или наставата да се одвива онлајн.
Некои држави веќе воведоа рестриктивни мерки, кај нас засега поради бројот на заболени и хоспитализирани, нема нови рестриктивни мерки. Кај нас, здравствената политика се води според пополнетоста на болничките капацитети вели Мехмедовиќ со став – да не се чека да рабтои на превенција на ширење на вирусот.
Наташа Јанчиќ Менковски
